Зомимак М на минус 11!
Клучни беа последните петнаесетина минути, кога Полјаците прво направија предност од пет гола, а до крајот дојдоа и до највисоките +11...

Ракометарите на Зомимак М се во неповолна позиција во обидот да го повторат успехот од минатата сезона кога играа во фазата по групи во ЕХФ купот. Во првиот натпревар од стартното квалификациско коло, струмичани загубија на гостувањето во Полска кај Горник Забрже со 36:25.
Долго ракометарите на Зомимак ја одржуваа контролата на натпреварот, на полувреме заминаа со негатива од два разлика (15:13), а најмногу губеа со три разлика. Клучни беа последните петнаесетина минути, кога Полјаците прво направија предност од пет гола, а до крајот дојдоа и до највисоките +11.
Дури четири ракометари во двете екипи постигнаа по седум голови, Чантурија и Везенковски кај Зомимак М, а Бушкоу и Томчак кај Горник Забрже.
Реваншот ќе се одигра за седум дена во Струмица.
