Македонија
„Дедо Мраз дојде со воз“ - новогодишна театарска претстава за деца
25.12.2025 16:20
Публиката го следи волшебното доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија со неговиот магичен воз преку интерактивна приказна која се одвива на повеќе локации...

Новогодишна магија за најмалите. Македонски железници овие празнични денови на Железничката станица во Скопје организира специјална новогодишна театарска претстава за деца, наречена „Дедо Мраз дојде со воз“.
Публиката го следи волшебното доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија со неговиот магичен воз преку интерактивна приказна која се одвива на повеќе локации. Посетителите имаат можат да патуваат низ Скопје, да другаруваат со ликовите од претставата и да уживаат во новогодишната магија.
