Полицијата расчисти три инциденти
СВР Скопје расчисти уште три инциденти во кој актери биле малолетници. 5-мина заработија кривична пријава. Првиот е инцидентот што се случи во кругот на училишниот двор на СУГС “Арсени Јовков“, каде што двајца ученици од втора година физички нападнале ученик и му нанесле повреди по телото. Вториот расчистен инцидент е на автобуската постојка на ул. „Алија Авдовиќ“, кога во автобусот бр.65 кој се движел во правец на с.Стајковци две лица нападнале малолетник.
СВР Скопје расчисти уште три инциденти во кој актери биле малолетници. 5-мина заработија кривична пријава. Првиот е инцидентот што се случи во кругот на училишниот двор на СУГС “Арсени Јовков“, каде што двајца ученици од втора година физички нападнале ученик и му нанесле повреди по телото. Вториот расчистен инцидент е на автобуската постојка на ул. „Алија Авдовиќ“, кога во автобусот бр.65 кој се движел во правец на с.Стајковци две лица нападнале малолетник. Идентификувани се и напаѓачите од Долно Количани и од Батинци, кои на Булеварот “Трета македноска бригада“ на автобуската постојка пред ДСУ “Владо Тасевски“, физички нападнале две малолетни лица.
Автор: Наташа Гркова-Петрушевска
