Кошарка – СП Шпанија

Осминафинален ден без изненадување!

06.09.2014 23:51

Откако во групите некои бираа противници, во нокаут фазата на Светското првенство во кошарка во Шпанија, веќе нема калкурирање.

Но, немаше ниту неочекуван расплет во осминафинални натпревари. Американците не форсираа, а беа убедливи против Мексико со 86:63 и во четвртфиналето ќе играат против Словенија која со 71:61 славеше против Доминаканската Република.

Драматичната пресметка меѓу Франција и Хрватска и припадна на европскиот првак. Триколорите беа подобри со 69:64 благодарение на третиот период којшто го добија со 11 разлика. За продолжување на одбраната на трофејот, Французите ќе играат со домаќинот и еден од двата главни фаворита за златото Шпанија, којашто рутински ја одработи обврската против Сенегал славејќи со 89:56.

Во утрешните четвртфиналиња ќе играат Нов Зеланд - Литванија, Србија - Грција, Турција - Австралија и Бразил - Аргентина.