Анализа

Оџакот чади од исти места, но со различна густина

25.12.2025 17:48

Црвени кругови што означуваат надминат праг на ПМ 2,5-ситни, невидливи за голо око честички што секој ден ги полнат нашите дробови. Иста болка – но дали е ист и изворот од каде доаѓа? Фокусот овојпат го ставивме на Кавадарци, Струга, Струмица, Гостивар и Куманово. Но, наместо уште една карта со нивоа, ја раздвојуваме приказната на извори...

Магла, тежок воздух. Црвени кругови што означуваат надминат праг на ПМ 2,5-ситни, невидливи за голо око честички што секој ден ги полнат нашите дробови. Иста болка – но дали е ист и изворот од каде доаѓа? Фокусот овојпат го ставивме на Кавадарци, Струга, Струмица, Гостивар и Куманово. Но, наместо уште една карта со нивоа, ја раздвојуваме приказната на извори.

Бројките од последното истражување на Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за животна средина и општините, покажува дека во петте градови, оџакот чади од исти места, но со различна густина.

Во Кавадарци, најголемиот дел од загадувањето доаѓа од индустриски активности и прашина, со значаен придонес и од греењето во домовите.

КАВАДАРЦИ:

-сообраќај 31% 
-минерална прашина 25%
-согорување биомаса 23%

Во Струга, сообраќајот има поголема улога, особено во одредени периоди, додека греењето во домаќинствата останува постојан извор, особено содржината на материјалот што се користи за загревање.

СТРУГА:

-сообраќај 40%
-согорување мазут и нафта 18%
-согорување биомаса 15%

Во Гостивар, изворот на загадувањето во најголемиот дел доаѓа од сообраќајот, со влијание и на согорување нафта и мазут.

ГОСТИВАР:

-минерална прашина 28%
-согорување биомаса 26%
-сообраќај 18% 
-секундарни аеросоли 18%

Во Куманово, честичките најчесто доаѓаат од комбинација на домашно греење и сообраќај.

КУМАНОВО:

-согорување биомаса 31%
-сообраќај 25%-
-согорување нафта и мазут 17%

Во Струмица, загадувањето најчесто е поврзано со греењето во домовите, особено во зимските месеци, но не е мал процентот и на отпечаток од сообраќај и од согорување на мазут и нафта.

СТРУМИЦА:

-согорување биомаса 35%
-сообраќај 29%
-согорување нафта и мазут 15%

Оваа анализа не покажува кој град е полош, туку од каде доаѓа изворот на загадувањето и зошто решенијата не може да бидат исти.

Катерина Топалова