Божик

Прослава на Божиќ по Грегоријанскиот календар

25.12.2025 19:36

Во катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје се одржа Свечена божиќна миса со молитви за здравје, солидарност и љубов...

Во духот на светлината, надежта и заедништвото, христијанските верници кои се раководат по Грегоријанскиот календар го прославуваат пресветлиот празник, Христовото раѓање, Божик. Во катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје се одржа Свечена божиќна миса со молитви за здравје, солидарност и љубов.

Божик е време за радоста која со себе ја носи вербата во Бога, време кога треба да се потсетат на човечноста и грижата за другите. Дон Винко Маслаќ по мисата во скопската катедрала посака – оваа година, да биде година на мир во срцата на луѓето, но и за мир меѓу народите.

Честитки за Божик до верниците упати и македонскиот државен врв и политичарите во земјава. Пораки за радост, љубов, божји благослов, подадена рака кон блиските и ранливите, празнични денови исполнети со добро здравје и взаемно почитување - стои во честитките.

Маја Стојанова