Економија

Бизнисот со нова надеж во 2026-та

25.12.2025 18:36

Кај бизнисот има волја за зголемување на платите, бидејќи човечкиот капитал според нив е најважен, но со реална економска оправданост. Дополнителното зголемување од законски предвиденото, би било притисок за компаниите...

Година на блага стабилизација на инфлацијата и зголемен раст – бизнисот со нова надеж во 2026-та. Очекува дека ќе се зголеми профитабилноста, дека ќе има повеќе пари од државната каса за поддршка.

Унгарскиот кредит е финансиска инјекција, велат, но да има и грантови за автоматизација и дигитализација на компаниите за поголема конкурентност.

Кај бизнисот има волја за зголемување на платите, бидејќи човечкиот капитал според нив е најважен, но со реална економска оправданост. Дополнителното зголемување од законски предвиденото, би било притисок за компаниите, поради ниската продуктивност.

Бизнисот, вели, и сега има работници кои се надградуваат, преквалификуваат, го следат пазарот на труд и земаат европски плати.

Очекувањата и на останатите домашни и меѓународни институции се дека ќе има намалување на инфлацијата и зголемување на растот со оглед најавените инфраструктурни проекти.

Александра Велинова