Политика

Пратенички прашања во Собранието, жестока дебата за поскапувањето на струјата

25.12.2025 19:15

Во законодавниот дом пратенички прашања. Опозицијата прашува, власта одговара. Енергетиката, цените на струјата, балансерот во фокусот на расправата...

„Знам дека сакате да зборувате и за убави работи. Веројатно, тоа се случува за мала група луѓе околу власта, меѓутоа не и за целата држава и за сите граѓани. Што и да прашам вие ќе ја дефокусирате јавноста, не одговарате на вистинската ситуација во земјава.“ Од собраниската говорница Филипче му се обрати на премиерот Мицкоски. Го праша за поскапувањето на струјата, за невложување во енергетскиот систем. Доби одговор: Социјалдемократите сакаат да глумат Левица од Али Експрес, а дека енергетскиот сектор, Владата на СДСМ и ДУИ го оставиле во катаклизмична состојба.

Пратеничката Рина Ајдари со став, Законот за правична застапеност нема тежина, тргнат е балансерот, а на конкурсите безмалку и да не се примаат луѓе од заедниците. Испраќањето невистини од говорницата, нема да ви донесе политички поени, Венецијанската комисија го одобри Законот за правична застапеност, а за балансерот да биде тргнат гласала претходната влада.

Ова беа последните пратенички прашања за оваа година. Следната недела пред пратениците е Законот за судски совет.

Миле А. Ристески