Се пополнува осминафиналниот список!
Единаесет репрезентации и тероретски на коло до крајот на првата, обезбедија пласман во втората фаза на одбојкарското Светско првенство во Полска. Во групата А тоа се домаќинот којшто со 3:1 беше подобар од Камерун, потоа Србија која со 3:0 ја совлада Венецуела и Аргентина која со ист резултат славеше против Австралија.
Во групата Б, актуелниот првак Бразил со 3:2 триумфираше против Јужна Кореја, а денеска во наредната рунда му се придружи и Германија по победата од 3:1 против Финска. Куба во пет сета беше подобра од Тунис.

Дилеми нема во Ц конкуренцијата. Меѓу шеснаесете најдобри се Бугарија по победата од 3:2 против Египет, потоа Канада која со 3:0 триумфираше против Мексико, како и Русија и Кина. Во меѓусебниот дуел, зборнаја победи во три сета.
Во сегментот Д, Италија пропушти шанса да им се приклучи на Франција и на Иран во вториот круг. Аѕурите беа поразени со 3:1 од Порторико кој првите освоени сетови на мундијалот ги претвори во изненадувачка победа. Со по 3:1, триколорите беа поуспешни од Американците, а Иран од Белгија.
По неделните натпревари ќе бидат познати последните пет репрезентации што ќе го продолжат Светскиот шампионат. Преносот од најинтересниот дуел меѓу Италија и Соединетите Американски Држави ќе биде во 20 часот и 15 минути на МРТ - собранискиот сервис.