Почна сослушувањето сведоци за пожарот во Кочани
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ се сомневаат дека обдукциските наоди се нецелосни, бараат дополнително вештачење и токсиколошки анализи. Од Обвинителството со став, смртта на секој од починатите е неспорно утврдена. Во судницата во „Идризово“ со исказ на сведок на Обвинителството. Продолжи судскиот процес за кочанската трагедија во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Александар Нацев, за кого обвинителството тврди дека е реален сопственик на фирмата за обезбедување Рубикон, бил консултант, а не газда, тврди неговиот адвокат. Во воведен збор рече дека Нацев во 2024 година работел во Рубикон. Одбраната потврди дека не постоел формален договор за обезбедување на „Пулс“, а концертот на ДНК не може да се смета за јавен собир.
Сведокот, прв сосед на дискотеката, кобната вечер бил со синот пред клубот, па кога избил пожарот, евакуирал дваесетина гости. Сведочеше дека во женскиот тоалет имало пискотници, а заглавени девојки низ решетките молеле да бидат спасени. Интервенирале пожарникарите и спасиле дел од нив.
Семејствата кои низ солзи го слушаа сведочењето се надеваат на правда. Се сомневаат дека докрај не се утврдени причините за смртта на нивните деца.
Од обвинителството одговорија дека причината за смртта е неспорно утврдена и таа е резултат на задушување со отровни гасови. Оттаму велат дека во извештајот од обдукцијата стои и дека кај дел од починатите се забележани и цијаниди и термички оштетувања на дишните патишта и овие документи се дел од доказниот материјал што ќе се изведе на главната расправа.
Анита Димитријевска - Велковска
