Испланирани општинските буџети
Наследивме катастрофална состојба на градската каса, претходниците го задолжиле Скопје со 2,9 милијарди денари во активни судски постапки, посочи градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, донесувањето на Буџетот за наредната година. Рекорден буџет и на Општина Центар во 2026-та, речиси половина од средствата наменети за капитални проекти, изјави градоначалникот Герасимовски.

Планот на Град Скопје е тековна стабилизација за натамошна на суштински проекти, иако затекнавме катастрофална финансиска и институционална состојба, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Вели, наследивме презадолжени и девастирани јавни претпријатија и културни установи и хаос во образованието. Сега на сметката на градот има 400 милиони денари. Буџетот за догодина е проектиран на речиси 8 милијарди 300 милиони денари. Обезбедени се средства за лунапаркот, подземната сообраќајница и кружниот тек во Ѓорче Петров, вели градскиот челник.
И дел од скопските општини веќе ги донесоа буџетите за 2026-та, со кои се предвидуваат капитални проекти, како на пример изградба на улици, градинки, училишта, спортски сали, канализации.
Буџетот на Општина Центар за годинава ќе изнесува милијарда и 22 милиони денари. Градоначалникот Герасимовски вели дека овој, до сега највисок буџет, ќе биде искористен, меѓу другото за изградба на модерен дом за стари лица, нова детска градинка, нова катна гаража и подобрување на јавниот простор и инфраструктурната мрежа.
И буџетот на Општина Гази Баба е донесен. Оттаму велат општинската каса е планирана според реалните потреби на граѓаните.
Марија Котовска
