Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

26.12.2025 08:12

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.