Собрание

Две комисии денеска во Собрание

26.12.2025 10:15

Седница ќе одржат две комисии – Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.

Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии – Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија се Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија во прво читање и Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија – Прво читање, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија и Исправката на Закон за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор.