МВР

МВР доби нови возила

26.12.2025 09:26

Денеска во МВР ќе бидат промовирани новите 120 службени возила на македонската полиција. Тие ќе бидат наменети за потребите на униформираната полиција, како дел од континуираните напори за унапредување на материјално-техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска ќе бидат промовирани новите 120 службени возила на македонската полиција. Тие ќе бидат наменети за потребите на униформираната полиција, како дел од континуираните напори за унапредување на материјално-техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека ќе бидат распределени во полициските организациски единици низ државата и ќе придонесат за поефикасно извршување на секојдневните полициски задачи, побрза интервенција на терен и зголемено присуство на полицијата таму каде што граѓаните имаат најголема потреба од безбедност.

На промоцијата ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.