Зеленски: Постојат нови идеи за приближување кон вистински мир
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека телефонските разговори со американските претставници Виткоф и Кушнер донеле „нови идеи“ за постигнување мир меѓу Украина и Русија. Тој оцени дека има напредок во дипломатските напори, иако остануваат чувствителни прашања.

„Навлеговме во многу детали, има добри идеи кои ги дискутиравме. Имаме некои нови идеи во однос на форматите, состаноците и, секако, времето за тоа како да се постигне вистински мир. Некои документи се подготвуваат, а некои се веќе целосно подготвени. Секако, сè уште има работа што треба да се заврши по чувствителни прашања. Но, заедно со американскиот тим, разбираме како да го спроведеме сето ова. Неделите што претстојат исто така може да бидат интензивни“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Разговорите доаѓаат по изјавите на Зеленски дека е подготвен да ги повлече трупите од источниот регион, доколку и Москва се повлече, а областа стане демилитаризирана зона под контрола на меѓународни сили. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Захарова, оцени дека преговорите за Украина со САД напредуваат „бавно, но стабилно“ и повика Вашингтон да се спротивстави на обидите на европските земји да го поткопаат процесот. Русија сè уште не презентирала официјален став за предложениот украински контрапредлог од 20 точки, но Захарова повтори дека Москва е подготвена за писмен, правно обврзувачки пакт за ненапаѓање на ЕУ и НАТО.