Образование

Јаневска денеска ќе учествува на конференција во Музејот на македонската борба

26.12.2025 09:36

Во Музејот на македонската борба, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на конференција посветена на формалното образование за ученици на подолго болничко лекување...

Денеска во 11:00 часот во Музејот на македонската борба, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на конференција посветена на формалното образование за ученици на подолго болничко лекување, што како системско решение за прв пат се воведе во учебната 2025-2026 година, а претставува резултат на соработката помеѓу Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и САНО – Здружение за поддршка на децата со канцер.