Калифорнија

Тројца загинати во силното невреме што ја зафати Калифорнија

26.12.2025 11:53

Поради обилните врнежи дожд делови од округот Лос Анџелес се евакуирани, а голем број патишта затворени. Стотици илјади луѓе и натаму се без струја...

Тројца загинати во силното невреме што ја зафати Калифорнија предизвикувајќи поплави и свлечишта. Поради обилните врнежи дожд делови од округот Лос Анџелес се евакуирани, а голем број патишта затворени. Стотици илјади луѓе и натаму се без струја. Најзагрозени се подрачјата оштетени од пожари, вклучително и планинскиот град Рајтвуд кој претрпе значителни штети.

„Сета количина што наврна продолжи да се спушта по ридовите, предизвикувајќи наноси кал и ова се последиците што настанаа“, изјави Ерик Шервин, портпарол на противпожарната служба на округот Сан Бернардино.

„Седиментот беше наталожен до врвот, водата целосно се прелеала преку негоДобив телефонски повик од татко ми кој ми кажа дека пожарникарите штотуку го спасиле. Рече дека имало два метра вода во станот“, рече Мишел Мејерс, жителка на Рајтвуд.

Вонредната состојба сè уште е во сила.