Турција

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, планирале напади за празниците

26.12.2025 12:26

Во масовни рации биле запленети оружје и документи, а потрагата по уште 22 осомничени продолжува...

Турските власти уапсија 115 осомничени членови на Исламска држава во Истанбул, за кои се верува дека планирале напади за Божиќ и Нова година. Во масовни рации биле запленети оружје и документи, а потрагата по уште 22 осомничени продолжува.

Обвинителството соопшти дека сите биле во контакт со оперативци на групата надвор од земјата и активно планирале напади низ Турција неделава, особено против немуслимани.