МОЈАТА БИВША СУПЕР ДЕВОЈКА

Мет Сондерс (Лук Вилсон) ја бараше љубовта на својот живот и кога ја запозна Џени Џонсон (Ума Турман) помисли дека конечно ја пронашол. Но, се чини дека ја пронашол маката на својот живот бидејќи Џени воопшто не е обична девојка. Иако изгледа како девојката од соседството, Џени е суперхеројка и е посветена на борбата против криминалот. Иако е неуништлива, Џени е доста несигурна, што е очигледно во нејзините љубоморни и посесивни испади кога ја запознава колешката на Мет, Хана (Ана Фарис). Поради нејзината реакција и на инсистирање на неговиот најдобар пријател, Вон Хејџ (Рејн Вилсон), Мет решава да ја прекине врската.
Сценариото му припаѓа на Дон Пејн, кој стои зад еден од најпопуларните цртани филмови во последните дваесет години - „Симпсонови“.
Улоги: Лук Вилсон, Ума Турман
Режија: Иван Реитмен
