Јокиќ со историски 56 поени во победата на Денвер на Божиќ

26.12.2025 10:48

Никола Јокиќ блесна со 56 поени, 15 скокови и 16 асистенции, станувајќи првиот кошаркар со најмалку 55 поени и по 15 скокови и асистенции на еден меч.

Денвер по продолжение ја совлада Минесота во последниот натпревар од божиќната програма во НБА. Никола Јокиќ блесна со 56 поени, 15 скокови и 16 асистенции, станувајќи првиот кошаркар со најмалку 55 поени и по 15 скокови и асистенции на еден меч.

ЛА Лејкерс загуби дома од Хјустон со 119:96, иако Леброн Џејмс го одигра својот 20-ти натпревар на Божик. Во останатите средби, Њујорк го победи Кливленд со 126:124, Сан Антонио славеше кај Оклахома Сити со 117:102, а Голден Стејт беше подобар од Далас со 126:116.