Јапонија

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

26.12.2025 19:37

Средствата вклучуваат инвестиции во одбранбени системи за заштита на крајбрежјето и островите...

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана од околу девет трилиони јени, односно 58 милијарди американски долари за наредната година-што е зголемување од 3,5 насто, во услови на зголемени тензии со Кина.

Средствата вклучуваат инвестиции во одбранбени системи за заштита на крајбрежјето и островите, додека Пекинг остро реагира на јапонските воени и политички потези поврзани со Тајван.