Образование

35 деца кои се подолго време на болничко лекување наставата ја следат онлајн

26.12.2025 13:50

35 деца кои се на болничко лекување подолго време, наставата ја следат преку интернет. Од Министерството за образование велат дека тоа им овозможува да бидат во тек со материјалот. За овој процес беа обучувани и наставници и ученици…

Во моментов околу 35 дечиња коишто се соочуваат со некаква болест или се на болничко лекување не можат да следат настава со физичко присуство, па наставата ја следат онлајн.

Со воведувањето на формално образование се обезбедува континуитет на воспитно – образовниот процес на учениците кои се на болничко лекување повеќе од три недели. Зависно од здравствената состојба, учениците можат да се вклучат онлајн на наставата во својот клас, да се организира индивидуална настава по приспособена наставна програма или, пак, да добиваат материјали и да ги решаваат домашните задачи.

Надлежни за спроведување на оваа системска мерка се основните училишта каде се запишани учениците кои се на болничко лекување.

Бирото за развој на образованието постојано ќе следи колку ученици кои се на болничко лекување имаат требаат потреба на овој начин да ја следат наставата.

Ана Јосифоска