Реал Мадрид и Арсенал најскапи клубови во светот
26.12.2025 12:54
Највреден клуб е Реал Мадрид со 1,38 милијарди евра, пред сè поради играчите како Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Винисиус и Федерико Валверде.

Според „Трансфермаркт“, на претстојното Светско првенство во 2026 година само Англија и Франција имаат репрезентации со вредност над една милијарда евра.
На клупско ниво, пак, седум екипи ја надминуваат оваа граница. Највреден клуб е Реал Мадрид со 1,38 милијарди евра, пред сè поради играчите како Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Винисиус и Федерико Валверде.
Втор е Арсенал со вредност од 1,29 милијарди евра, а потоа следуваат Манчестер Сити, ПСЖ, Челзи, Барселона и Ливерпул. Во ТОП 10 се уште Баерн Минхен, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.
