ФЗОМ

Гинеколози наплаќале за услуги кои се бесплатни

26.12.2025 13:14

Гинеколози наплаќале за услуги кои се покриени од Фондот за здравство. Имало контрола во 49 гинеколошки ординации...

Гинеколози наплаќале за услуги кои се покриени од Фондот за здравство. Имало контрола во 49 гинеколошки ординации. Половина од нив работеле исправно, кај половина се констатирани неправилности. Најмногу пропусти имало во Скопје и во Струмица, одговорни биле во Прилеп и Битола. Казни за несовесните ќе има и од Фондот и до Управата за јавни приходи во зависност од прекршокот.

Наташа Јанчиќ-Менковски го следеше настанот.