Стратегии за кадри во стопанството
И во 2026 година останува проблемот со недостиг од кадри за стопанството. Недостигаат во речиси сите бизнис-сфери. Час поскоро е потребна заедничка стратегија – на бизнис секторот, образованието, занаетчиската комора, на државата…

Електро, машински, медицински, технолошки стручњаци, занаетчиски профили. Не е ново ако го споменеме проблемот со недостиг од кадри за стопанството, но веќе е итно да се размислува и да се спроведува сериозна стратегија. Образовен концепт, обуки, преквалификации, целосна грижа за пополнување на недостигот од профили без кои нема продуктивност и стопански развој.
И на Прилеп му треба стратегија за профитабилни занаетчиски дејности.
Дуалното образование е на располагање, но се јавува проблемот на незаинтересираност на учениците за занаети.
Стопанството е гладно за бараните профили.
Елизабета Митреска
