Извлечени телата на четворица загинати босански рудари во Зеница

07.09.2014 11:48

Спасувачките екипи успеаја да ги извадат на површина телата на четворица од петмината загинати босански рудари во Зеница. 
 
Во несреќата во рудникот Распоточје во централниот дел на Босна и Херцеговина загинаа пет лица, а 29 се спасени. Вкупно петмина рудари останаа под земја.
 
По 15-часовна операција за извлекување на телата на рударите, кои останале на длабочина од 500 метри, на површината беа извлечени телата на четворица загинати рудари.
 
Телото на петтиот рудар се наоѓа на друго место во рудникот и спасувачките екипи не успеале да стигнат до него. Се очекува операцијата денеска да продолжи и телото да биде извлечено.