сдсм

Нема дијалог во државата - вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче

26.12.2025 17:38

„Нема дијалог во државата, Мицкоски ја води државата по теркот на Вучиќ, само тој и никој друг“ – вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, следува тешка економска година. Негира дека заедно со Заев инвестира во изградба на зграда во Дубаи. Критиките за партиските политики кои ги добива од поранешни функционери вели дека се дело на ВМРО-ДПМНЕ – ги потплатиле...

До таа мерка е поделено општеството што во него нема дијалог, а по теркот на Вучиќ, Мицкоски, сам ја претставува целата политика – обвинува Венко Филипче. Владата со подршка од претседателката Сиљановска Давкова имаат барања кон Европската унија кои не можат да се исполнат. Се бараат изговори земјата да се држи во изолација тврди Филипче. Со Преспанскиот договор станавме членка на НАТО, а Бугарите треба да влезат во Уставот – смета првиот социјал демократ.

Во власта владее криминал и корупција. Во скриена форма сакаат во новиот кривичен законик да бидат вметнати поволни казнени одредби за функционерите вели Филипче и признава дека измените што ги направи Владата на СДСМ не смееле да се случат. Негира дека гради со Заев зграда во Дубаи. За критиките во однос на партиските политики кои ги добива од поранешни функционери – Филипче вели тие се финансирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Енергетската криза и поскапувањето на струјата ќе доведат до зголемена инфлација. Филипче со мрачни предвидувања за следната година. Државата ќе треба да се задолжи најмалку две милијарди евра за тековни трошоци. Нема раст на странските инвестиции а власта се однесува како антидржавен елемент – заклучува првиот социјалдемократ.

 

Миле А. Ристески