Гинеколози за здравствени услуги наплаќале и од пациентки и од Фондот за здравство
Гинеколози наплаќале за услуги кои се покриени од Фондот за здравство. Имало контрола во 49 гинеколошки ординации. Половина од нив работеле исправно, кај половина се констатирани неправилности. Најмногу пропусти имало во Скопје и во Струмица, одговорни биле во Прилеп и Битола. Казни за несовесните ќе има и од Фондот и до Управата за јавни приходи во зависност од прекршокот...

Гинеколози за здравствени услуги наплаќале и од пациентки и од Фондот за здравство. 500 денари, па нагоре земале за ПАП, читање ЦД, се што им е покриено од Фондот со склучување на договорот. Гинеколог во септември остварил екстра приход од 40.000 денари, инспекторите го нашле тефтерот во којшто запишувала парите земени незаконски. Алармот на надлежните го вклучиле пациентки кои поднеле претставки.
Од Фондот велат, итни контроли по пријава се единствениот начин да се стави крај на ваквата практика. Казните се 25.000 денари за прва регистрирана грешка, глобите на УЈП до 1500 евра. Од УЈП велат, да се вклучат апаратите и да се издаваат фискални.
Од 49 контролирани ординации, половина имаат пропусти во работењето или кон ФЗО или кон УЈП, но и комбинирано.
Контрола е вршена во Скопје, Прилеп, Битола, Тетово, Штип, Струмица. Во Струмица од пет контролирани, само една ординација ги почитувала законите. Прилеп и Битола, се најголема уредност во работењето.
Наташа Јанчиќ-Менковски
