Македонија

УХМР: Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени

26.12.2025 17:09

Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремен засилен ветер од северен правец.