Ликвидноста е обезбедена, се очекуваат и нови инвестиции-вели Мицкоски
„Граѓаните да бидат спокојни. Државата обезбеди пари за враќање на долговите што ги остави СДСМ“ – вели премиерот Мицкоски. Потврди три нови инвестиции што треба да донесат околу 1.500 работни места…

„Граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од стравувања. Државната каса е полна“, смирува премиерот Мицкоски.
Тој додаде, оваа година е вратена една еврообврзница подигната од претходните влади. Секоја следна година ќе достасува нова. Вкупно 6 милијарди евра треба да врати Владата во 4-годишниот мандат, по основ на земени еврообврзници од владите на СДСМ и ДУИ – вели Мицкоски.
Премиерот најави и нови инвестиции. Со три компании веќе се завршени преговорите. Станува збор за инвестиција од над 100 милиони евра, и нови вработувања. Ќе се инвестира во автомобилската, фармацевтската како и во индустријата на високи технологии.
Се преговара со уште 10 компании. Дел од нив ќе инвестираат во енергетскиот сектор.
Марина Стојанова-Тонева
