Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
27.12.2025 08:37
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h)....

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
