Штип

Кризна година за македонскиот текстил

27.12.2025 12:38

2025 беше кризна година за текстилната индустрија. Се затвораат текстилни погони, работници остануваат без работа и со неисплатени плати. Се намалува соработката со странските партнери кои го селат производството во држави со поевтина работна сила …

Текстилната индустрија во последните пет години бележи постојан пад. Петнаесеттина текстилни компании годинава ставија клуч на врата, а бројот на вработени од 36 илјади пред пет години, сега е околу 20 илјади. Текстилниот кластер е на став дека државата нема системски пристап кон проблемот и со порастот на платите не сме конкурентни за странските партнери, од кои зависат над 90 насто од текстилните компании фокусирани на лон производство

Околу 500 вработени останаа без неколку плати откако преку ноќ три странски компании го прекинаа производството и заминаа.

Според бизнис заедницата кризата во текстилниот сектор со државна интервенција може да се ублажи. Затоа бараат од државата поддршка на извозниците со амортизирање на трошоците за бруто-плата.

 

Славица Величковска