Повредените од сообраќајката кај Демир Хисар на домашно лекување

07.09.2014 13:21

Пет туристи од Турција кои вчера беа лесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот патен правец Демир Хисар-Кичево, помеѓу населените места Сопотница и Жван, кај местото викано „Грбла“, утрово се пуштени на домашно лекување.
 
Портпаролот на Клиничка болница-Битола Јагода Стојановска потврди дека по укажаната итна медицинска помош турските државјани се чувствувале добро, а утрово се пуштени на домашно лекување.
 
Сите пет лица беа примени со лесни телесни повреди и без опасност по нивниот живот. По укажаната лекарска помош и извршените здравствени контроли, странските државјани утрово ја напуштија болницата и се на домашно лекување, истакна портапролот Стојановска.