Регион

Грчките земјоделци го блокираа „Евзони“

27.12.2025 13:03

Возила нема да може да поминуваат до 15 часот по македонско време. Втора четиричасовна блокада ќе има од 17 часот...

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, па така возила нема да може да поминуваат до 15 часот по македонско време. Втора четиричасовна блокада ќе има од 17 часот.

Според информациите граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојран, засега се отворени за сообраќај, а не е исклучена можноста и во текот на утрешниот ден повторно да има две четиричасовни блокади на Евозони во истиот период како и денес.