Куманово

Се враќаат иселениците за празниците

27.12.2025 16:17

Иселениците се враќаат во земјава за празниците. Веќе се забележува значаен метеж низ градовите, маркетите, продавниците. На граничниот премин Табановце изминатава седмица регистрираат поголем метеж...

Зголемена фреквенцијата на возила низ градовите, но и промет во трговската мрежа. Значаен дел од печалбарите се вратија дома за празниците. Нивното присуство последниве денови го заживеа градот. На најфреквентниот граничен премин Табановце регистрираат поголем влез на домашни државјани.

За метежот најдобро зборува сликата зад мене. Редици возила, иако функционираат пет ленти за автомобили.

Од почетокот на седмицата до осум часот утринава во земјава влегле над 36.000 македонски државјани. Само изминативе два дена евидентирани се 11.000.

„Во функција се сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки“, информираат од МВР.

Граѓаните коишто влегуваа во земјава задоволни што чекаа по само десетина минути.

Освен на Табановце поголема раздвиженост се забележува и низ градови, угостителските објекти, продавниците. Очекувањата се иселениците да ја помогнат домашната економија.

„Очекувате по маркетите да биде поголем метежот сега во пресрет на празникот? Тука има малку повеќе но нормално“, дополни друг.

„Раздвижено ли е повеќе низ градот? Превише од секоја страна морам да кочам, а јас стар човек полека“, истакна граѓанин.

„Малку повеќе коли има, улиците се исти, ќе има сега повеќе, се мора да се набави, полни се продавници“, дополнија други.

Печалбарите во земјава се задржуваат една до две седмици, по што се враќаат во западноевропските земјите.

Елена Георгиевска