Собрание

Крај на законите по брза постапка

27.12.2025 17:42

Собранието в година да не биде машинерија за гласање на закони по скратена постапка. Во јануари да се донесе календар за работа, вели собранискиот спикер Гаши за да се обезбедени доволно време и експертите да ги дадат забелешките...

Стоп за законите „на брза лента“. Од наредната година, Собранието најавува крај за скратените постапки и повеќе простор за јавноста и експертите да кажат што мислат пред законите да стигнат на гласање. За ова информираше спикерот Гаши, кој рече дека идниот месец ќе се усвои календар за работа и точно ќе се знае одржувањето на пленарните седници. Според него, оваа реформа ќе и овозможи на Владата навреме да ги планира законите, а пратениците ќе имаат повеќе време за дебата.

Во предновогодишната порака до колегите, Гаши апелираше на повисока политичка култура, помалку надвикување и повеќе аргументи. Пораката е јасна – законите да се креираат со дијалог, а не со прескокнување на собраниските процедури. Таков пристап се најавува и за измените на изборниот законик кои според најавите ќе се усвојат со консензус. Во процесот ќе бидат вклучени и експерти, а првата средба со пратениците се очекува во втората половина на јануари.

Годинава, Собранието ја затвора со уште една седница. Во вторник ќе се гласа Законот за Судскиот совет и измените во оној за сообраќај, неопходен за имплементација на системот – Сејф сити.

Анита Димитријевска – Велковска