Владините мерки за вработување на лицата со посебни потреби даваат резултати

07.09.2014 15:40

Поволностите кои ги нудат владините решенија за вработување на лица со посебни потреби и инвалидизирани граѓани ги оправдуваат со се поголем интерес работодавачите, кои истовремено се и задоволни од одработеното на работниците...

По дванаест години чекање и обезбедување на егсистенција од социјална помош  како лице со посебни потреби 39-годишниот Тони Костовски за дестина дена ке ја земе првата плата. Самохраниот родител кој е задолжена за одржување на паркот и хигиената во управната зграда вели дека сега ке има достоен буџет од кој ке може да ги подмири сите трошоци, но и да го прехрани и школува неговиот дванаесет годишен син.

Иако надежта никогаш не ме напушташе ова дојде кога најмалку очекував. Само јаз знам како е толку години да седиш дома и да одгледуваш малолетно дете со минимална социјална помош. Сега е сосема поинаку ќе имаме еден достоинствен живот но и една голема обврска да го дадам максимумот на работното место кое ми е дадено“, вели Тони Костовски, смаохран родител.

Неговата трудољубивост и навременото извршување на работните задачи се знак дека и лицата со посебни потреби во повеке случаеви можат да бидат рамноправни на берзата на трудот.

„Кај нас засега имаме вработено само едно лице, но планот е да вработиме уште некое вакво лице кое ке ги исполнува квалификациите за потребните работни места. Мислам дака лицето кое сега работи покажува дека тие се добри и одговорни работници. Време е почесто да ги рушиме некогашните бариери“, вели директорот на ХМС „Стрежево“, Маријан Геровски.

Постапка која е актуелна и во другите помоќнии капацитети. По овој основ низ битолските организации , во оваа прва фаза вработени се дест лица со посебни потреби.

Иако кога е во прашање намалувањето на процентот на невработеност во битолскиот регион главниот збор го има „Кронберт и Шуберт“, свој придонес даваат и вработувањата што се случија по основ на олеснителните пакети за вработување на лица до 29 години како и поволностите што се дават за отворање на самостоен бизнис.

 

Стевче Митрески