Мерки на претпазливост за двајца инспектори од кочанското УЈП осомничени во последната истрага за случајот „Пулс“
Судот во Кочани ја прифатил нивната жалба и одлучил да им определи мерки на претпазливост. Со ваквата одлука не се согласува Обвинителството кое најави жалба до апелацискиот суд во Штип...

Двајцата инспектори од кочанското УЈП осомничени во последната истрага за случајот „Пулс“ излегоа од домашен притвор. Судот во Кочани ја прифатил нивната жалба и одлучил да им определи мерки на претпазливост. Со ваквата одлука не се согласува Обвинителството кое најави жалба до апелацискиот суд во Штип.
Станува збор за двајцата даночни контролори кои се товарат за примање поткуп. Тие на одговорните во дискотеката „Пулс“ им дојавувале кога ќе се вршат инспекциски контроли, а за возврат добивале скапи подароци. Еден од нив е брат на претседателката на Кривичниот суд во Скопје – Даниела Димовска.
