Македонија

Пожар остави осумчлено семејство без дом

28.12.2025 13:13

Пречекот на Новата година за осумчлено семејство од прилепско нема да биде како досега. Пожар ги остави без покрив над главата и без цел род тутун, но со надеж за хуманост …

Во новата година ќе влезат без покрив над главата и без целиот род од еден тон тутун. Осумчленото семејство Благадушески од кривогаштанското село Воѓани за еден час на 16 декември во пламенот загуби сè. Среќа велат, што не биле во куќата. Живеат од ден за ден кај роднините.

Блиските, соселаните, заедница почнале да им помагаат.

Општина Кривогаштани објави жиро-сметка за помош. Сојузот на земјоделски здруженија веќе им подаде рака и пари. Изгоре тутун од 10.000 евра.

Семејството Благадушески од кривогаштанско Воѓани тагува по уништениот дом. Радоста ќе ја чека кога ќе се роди деветтиот член на семејството.

 

Елизабета Митреска