Со зелени грантови против аерозагаденоста во Струмица
Струмица деновиве беше еден од градовите со најзагаден воздух. Општината со УНДП нудат зелени грантови за еколошки решенија за енергетска ефикасност на домовите. Градоначалникот најави и субвенции за климаинвертори додека екологистите и граѓаните пак бараат инспекциски контроли и казни за загадувачите …

Со поддршка на УНДП домаќинствата во Струмица ќе имаат можност да инвестираат во енергетско ефикасни и еколошки решенија во своите домови што ќе придонесе за намалување на аерозагаденоста. Станува збор за грантови за зелена енергија преку финансиски институции во земјава кажаа од УНДП.
Струмичани не се доволно информирани за грантовите. Според нив аерозагаденоста ќе се намали кога реално ќе се фатат и казнат загадувачите.
За градоначалникот на Струмица ова е уште една мерка за подобрување на амбиенталниот воздух во општината. Најави и субвенции за климаинвертори во местата каде има најголема аерозагаденост.
Лабораторијата Амбикон соопшти дека согорувањето огревни дрва и сообраќајот се двата е најголемите извори на аерозагаденоста во Струмица. Месецов Струмица беше со препораки и мерки заради високи концентрации на ПМ 10 честички.
Екоактивистите сметаат дека загадуваат и фирми со А и Б интегрирани еколошки дозволи за што бараат чести инспекциски контроли од општината и државата.
Ване Трајков
