Битола

Компаниите се соочуваат со недостиг од кадар

28.12.2025 14:01

Недостигот на квалификуван кадар останува главен предизвик за стопанствениците. Работодавачите со потешкотии ги потполнуваат испразнетите работни места. Во Центарот за вработување во Битола вршат обуки бесплатни обуки за поголема конкурентност на пазарот на трудот...

По угостителската дејност, во производство па се до грижа за 55 бездомни кучиња во Битола. Битолчанката Силјановска, дипломиран инженер по сточарство на прагот на шестата деценија, сè уште се вложува во високото образование и дополнителни вештини со надеж дека ќе добие вработување по професија.

И натаму работодавачите со тешкотии за пополнување на слободните работни места за квалификувана работна сила.

Голем е интересот за бесплатните обуки за дигитален маркетер, козметичар, обуки за претприемништво, англиски, германски и француски јазик како и за основни компјутерски вештини, велат од Центарот за вработување.

Според анализите, на Пелагонискиот регион му се потребни келнери и готвачи, шивачи, архитекти, но и зелени вештини за заштита на животната средина. 2025-та ја заокружуваме со евидентирани 3.324 невработени лица на територијата на општините Битола, Могила и на Новаци.

Ружица Ѓоршевска