Временска прогноза
Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
28.12.2025 08:44
Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h)...

Утрото ведро и студено, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
