81 година Mакедонско радио
„Зборуе Радио Скопје“ - 81 година откога на 28 декември 1944 година, беше означен почетокот на работата на Македонското радио. Овој датум се смета и за официјален почеток на Македонската радио-телевизија...

„Зборуе Радио Скопје“ - 81 година откога на 28 декември 1944 година, беше означен почетокот на работата на Македонското радио. Овој датум се смета и за официјален почеток на Македонската радио-телевизија. 20 години подоцна, од студиото во Нерези е емитуван и првиот телевизиски дневник. Оттогаш, со голем ентузијазам, Македонската радио-телевизија ги бележи сите настани, автентично како на филмска лента.
Телевизијата ја има и ќе ја има главната улога во креирањето на јавното мислење. Има своја приказна од формирањето до денес, медиум кој го помина патот автентично забележувајќи ги, како на филмска лента, сите настани со кои растеа генерациите, како во социјализмот така и во транзицискиот период, па сè до денес.
Професионални новинари, спикери, лектори, монтажери, техничари, продуценти, секојдневно, 24 часа на ден, учествуваат во создавањето разновидна и квалитетна програма, достојна за национален медиум.
МРТ нуди широк спектар информативна, играна, детска, спортска, научно-документарна, културна и музичка програма. На јавниот сервис се емитува програма на девет различни јазици.
