Украина

Силна поддршка за Зеленски од сојузниците пред денешната средба со Трамп во Флорида

28.12.2025 10:18

Лидерите му дале на Зеленски целосна поддршка и ја нагласиле својата посветеност на тесна соработка со САД за постигнување одржлив и праведен мир во Украина...

Украинскиот претседател Володомир Зеленски преку видео врска одржа срдба со речиси десетици европски земји и Канада, како и високи претставници од Европската комисија и НАТО, пред денешна средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида.

Лидерите му дале на Зеленски целосна поддршка и ја нагласиле својата посветеност на тесна соработка со САД за постигнување одржлив и праведен мир во Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја свикал телефонската конференција на барање на Зеленски.

Официјални лица во Елисејската палата изјавија дека францускиот претседател Емануел Макрон на средбата изјавил дека Европејците мора целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс напиша дека сите напори водат кон заедничка цел – праведен и траен мир што ќе го зачува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.