Регион
Предвремени парламентарни избори во Косово
28.12.2025 12:35
Предвремените избори беа неопходни бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9-ти февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот...

Косово денеска ќе избере нов парламент, втор пат за 11 месеци, при што левоориентираното движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти останува јасен фаворит за победа. Предвремените избори беа неопходни бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9-ти февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот.
Гласачките места се отворија утринава во 7 часот наутро и ќе се затворат во 19 часот. Првите резултати се очекуваат вечерва.
