Почина славната француска актерка Брижит Бардо

28.12.2025 12:53

Француската актерка Брижит Бардо почина денеска на 91-годишна возраст. На почетокот на 70-тите, таа објави дека се повлекува од глумата и стана сè поактивна во јавниот и политичкиот живот...

Француската актерка Брижит Бардо почина денеска на 91-годишна возраст. Бардо, француска актерка и пејачка стана меѓународен секс-симбол, а подоцна ѝ го сврте грбот на филмската индустрија и се посвети на борбата за правата на животните.

На почетокот на 70-тите, таа објави дека се повлекува од глумата и стана сè поактивна во јавниот и политичкиот живот.