Куманово

Силен ветер урна дел од покрив на зграда во Куманово

28.12.2025 14:38

Покривот падна од зграда лоцирана во близина на кружен тек. Повредени нема, потврди кумановската полиција, чии екипи го регулираа сообраќајот...

Силен ветер урна дел од покрив на улица во центарот на Куманово. Покривот падна од зграда лоцирана во близина на кружен тек.

Повредени нема, потврди кумановската полиција, чии екипи го регулираа сообраќајот.

Екипи на комуналното претпријатие ги отстрануваат деловите од лимениот покрив.

Силниот ветер предизвика проблеми и за новогодишните украси на градскиот плоштад. Вработени во општината допрва ќе утврдуваат евентуални штети.