Студентите во цела Србија собираа потписи за распишување на вонредни парламентарни избори
Граѓаните со потпишување на согласност го изразија својот став за подршка на студентите во борбата за распишување избори...

Денес во над 100 градови во Србија, наместо протест, студентите и граѓаните под слоганот „Распиши победа“ вршеа притисок за распишување на вонредни парламентарни избори.
Граѓаните со потпишување на согласност го изразија својот став за подршка на студентите во борбата за распишување избори.
„Се собираат сигурни гласови за избори, да видиме колку имаме сигурни гласови, колкав е бројот на граѓани што не поддржуваат, за да ги контактираме луѓето за време на изборите“, изјави студентка.
„Тука сум првенствено заради студентите, за граѓаните, заради себе си, заради својата и нивната иднина, заради борбата која трае доста време и на која и се гледа крајот“, вели друга жена.
„Јас и многу други постари граѓани потпишуваме согласност желни да ја изразиме својата подршка и оптимизам кои ги гаиме за студентите“, додава трета.
Акцијата на студентите за поврзување и вмрежување со граѓаните во Белград централно место имаше во Студентскиот парк со организирање на хуманитарен базар.
Беше присутна и дел од опозицијата.
„ДС ги поддржа барањата на студентите за одржување на парламентарни избори, го напушти собранието, ја поддржа нивната борба. Ние нема да се кандидираме на изборите, ова не е борба за власт туку за слобода и ја повикувам опозицијата да ни се придружи“, изјави Срѓан Миливојевиќ, претседател на Демократска странка.
Претседателот Вучиќ најави дека шаторската населба пред Собранието на Србија, познато како Чациленд од вечерва ќе се тргне за да во наредните денови прерасне во новогодишно село.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ
