Се подобрува патната инфтаструктура во руралните средини
Студијата за развој на патната инфраструктура во југоисточниот регион од земјава, ја оправдува нејзината изготвеност, како солидна база за обезбедување на средства врз основа на проекти содржани во неа. Од лани до сега склучени се 150 договори...

20 милиони евра обезбедени од Европска унија и Владата ан Македонија преку Светска банка, ќе бидат насочени за ревитализација на патните приоритети и инфраструктура во руралните средини. Од делегацијата на Евроспката унија во Македонија, истакнуваат дека најважна база за привлекување на бизнисот е добрата поврзаност на државата, вклучително и на руралните места.
„Овој проект е спроведен во совршен временски период затоа што до крајот на оваа година со парите на Светската банка и нашите пари и парите на владата се планира изградба на инфраструктурата“, изјави Роберт Лидил, делегација на ЕУ во Македонија.
Центарот на југоисточниот плански регион и грчките партнери подготвија студија која ги лоцира сите патни правци во овие региони и можните решенија. Состојбата со патната инфраструктура на Југотисокот од Македонија е далеку од одлична, особено во руралните средини, покажале истражувањата.
„Оваа студија ќе се достави до општините и сите тие заеднички ќе почнат да ја имплементираат и да ја подобрат патната инфрастркуктура“, изјави Жулиета Јуркова- Центар за развој на југоисточен плански регион.
Студијата на подобрување на југоисточната патна мрежа чини околу 100 илјади евра обезбедени преку ИПА програмата за меѓугранична соработка. Во периодот од 2013 досега, Македонија имала 13 јавни повици, склучила повеќе од 150 договори и искористила околу 16 милиони евра од овој европски инструмент.
Катерина Дафчева
