Повеќе од 800 учесници на Дедомразовската трка во Скопје
Трката започна од плоштадот со една единствена цел за сите учесници, забава и дружење...

Се одржа највеселата трка во годината. Повеќе од 800 дедо мразовци и баба мразици трчаа 2 километри во центарот на Скопје. Трката започна од плоштадот со една единствена цел за сите учесници, забава и дружење.
На плоштадот го сретнавме и вистинскиот Дедо Мраз кој се сликаше со дечињата и им делеше пакетчиња. Тие му ги кажуваа новогодишните желби а тој испрати порака до сите.
Највозрасниот учесник на трката имаше 73 години, имаше и бебиња помали од една година, кои заедно со своите родители ја почувствуваа веселата новогодишна атмосфера.
Учесниците на овогодинешната трка добиваа и награди, односно за прво, второ и трето место следуваше парична награда а за сите деца коишто учествуваа до 10 години имаше и пакетчиња. Исто така имаше и лотарија на плоштадот во главниот град.
Празничната атмосфера продолжува и во наредните денови. Музика, разиграни и насмеани лица низ центарот на метрополата. Забава за сите генерации.
Ана Јосифоска
